Црвена Звезда без четири кошаркари на почетокот на Евролигата

Почетокот на новата сезона во Евролигата за Црвена Звезда носи домашен натпревар против Милано за кое тренерот Јанис Сферопулос нема да може да смета на четири кошаркари.

Дел од составот нема да бидат Урош Плавшиќ, капитенот Огњен Добриќ, новајлијата Девонте Грем и искусниот Ајзеа Кенан кој заработи тешка повреда на предните вкрстени лигаменти пред само неколку дена.

Грем би требало да биде достапен за второто коло, додека Добриќ кој се уште се мачи со болки во грбот по Евробаскетот и Плавшиќ кој има потешка повреда на скочниот зглоб нема да бидат дел од почетокот на новата сезона.

Се вчитува...