Црвена звезда без Даум во следниот месец

Тренерот на Црвена звезда, Јанис Сферопулос, откри лоша вест пред натпреварот со Париз во Евролигата.

Кошаркарите на Црвена звезда во белградска Арена го пречекуваат Париз во 20. коло од Евролигата, а натпреварот се игра во петок од 20 часот.

Јанис Сферопулос изјави дека Звезда извесно време ќе остане без Мајк Даум кој се повредил, а дополнителните прегледи не дале добри вести.

„Имаме проблеми со Мајк Даум, тој беше на дополнителни тестови и можам да ви кажам дека, ќе биде надвор од терените најмалку еден месец, отсутен е и Лазиќ, другите се подготвени“, изјави Јанис Сферопулос.

Се вчитува...