Црвена Звезда без двајца важни играчи на вечното дерби со Партизан

Црвена Звезда ќе биде значително ослабена за утрешното вечно дерби против Партизан во рамките од Евролигата, откако двајца стандардни кошаркари на „црвено-белите“ отпаднаа од комбинација за настап на овој дуел.

Немања Недовиќ се повреди во последното евролигашко коло против Виртус Болоња, тој доби одмор во АБА-лигата против ФМП, но одличниот шутер не успеа да се рехабилитира навреме. Новиот тренер Сферопулос нема да може да смета ниту на капитенот Лазиќ, големиот борец се повреди на дуелот со ФМП, по што ќе мора да мирува најмалку десетина дена.

Останува да се види како новиот стратег на Црвена Звезда ќе го подготви тимот за „вечното дерби“, особено ако се знае дека Партизан ќе биде дополнително мотивиран по шокантниот пораз од Мега на последниот АБА-лигашки дуел.

Се вчитува...