Евролигашките натпревари за Црвена Звезда продолжуваат денеска од 20 часот против Монако во Белгард каде српскиот тим против третиот најдобар тим претходната сезона ќе настапи без капитенот Бранко Лазиќ.
Искусниот Лазиќ се рехабилитира од повреда и за него тоа ќе биде втор пропуштен натпревар во низа во Евролигата откако претходно не беше дел од тимот кој претрпе пораз во Литванија од Жалгирис.
Триесетичетиригодишникот последниот настап го имаше во АБА-лигашкиот натпревар против Цедевита Олимпија на кој одигра десет минути во убедливата победа на „црвено-белите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА