Кошаркарите на Црвена Звезда отпатуваа за Барселона каде против еден од најдобрите клубови ќе го одиграат натпреварот од 29. коло во Евролигата.
Тренерот на клубот од Белград, Душко Ивановиќ на дуелот во Каталонија нема да може да смета на Немања Недовиќ кој остана во Белград поради повреда на тетивата. Српскиот кошаркар се повреди на дуелот од последното коло од елитното клупско натпреварување против Панатинаикос во Атина и покрај големата желба да им помогне на соиграчите на мечот со Партизан, на теренот мина само неколку минути. Покрај Недовиќ, во екипата ќе го нема ниту Огњен Добриќ, кој исто така ќе мора да мирува извесно време по најновата повреда.
„Црвено-белите“ претрпеа три порази во изминатите четири кола и со скор 12-16 имаат само теоретски шанси за пласман во плеј-офот, додека Барселона е изедначена на третото место со Монако со скор 18-10.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА