Црвена звезда без проблеми против Макаби, Виртус ја совлада Барселона

Кошаркарите на Црвена звезда се вратија на победите во Евролигата откако вечерва на домашен терен славеа против израелскиот Макаби Тел Авив со 81-73 во меч од 17. коло во елитното натпреварување.

Домаќините почнаа одлично па веќе во првата четвртина имаа позитива од шест поени 21-15. До полувремето таа само се зголемуваше, а веќе на пауза предноста на белграѓани беше двоцифрена (48-33).

Во вториот дел избраниците на Сферопулос само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 81-73. Џоел Боломбој со 17 поени беше прво име во таборот на победникот додека кај поразените Соркин постигна 21 поен.

Виртус Болоња славеше на домашен терен против Барселона со 85-81, додека Олимпијакос беше подобар од Алба со 90-85.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...