Лидерот на табелата во регионалното натпреварување, Црвена звезда стигна до лесен триумф на домашен терен против поранешниот европски првак Сплит со 89-67 во меч од 13. коло во АБА лигата.
Белграѓани уште од самиот старт го контролираа мечот, па веќе на полувреме имаа двоцифрена предност од 47-34. Во вториот дел избраниците на Сферопулос само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 89-67.
Мајк Тоби со 24 поени беше најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Шенон Шортер заврши со 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА