Црвена Звезда гази се пред себе во српското првенство, многу потешко на „црвено-белите“ им оди во Лигата на Шампионите, каде ги очекува нов огромен предизвик на домашен терен против моќната Барселона.
Каталонскиот гигант игра извонредно од стартот на сезонава, веќе имаше еден „кикс“ во ЛШ против Монако и дефинитивно максимално сериозно ќе влезе в мечот во Белград. Тренерот на Црвена Звезда, Владан Милојевиќ, најави дека неговиот тим ќе стори се да направи чудо, но шансите уште повеќе се намалуваат со серијата проблеми со повредени играчи што ги има српскиот шампион.
Имено, Милојевиќ за овој дуел нема да може да смета на дури седум првотимци, откако Немања Радоњиќ ја обнови повредата на вчерашниот дуел со Војводина и ќе мора да отсуствува извесен период од терените. Олајинка е птешка повреда и предвреме ја заврши сезонава, а Милојевиќ нема да сметаниту на првиот голман Глазер, клучниот играч по левата страна Мирко Иваниќ, како и на Дуарте, Мимовиќ и на Дркушиќ.
Како што најавуваат српските медиуми, Милојевиќ во една ваква ситуација нема преголем избор, па веќе се познати и стартните единаесетмина на Црвена Звезда против Барса: Илиќ, Сеол, Спајиќ, Џига, Елшник, Круниќ, Далсио, Максимовиќ, Силас, Милсон и Шериф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА