АБА лигашот Црвена звезда успеа за рекордно време да ги продаде билетите за дуелот против Барселона во четвртото коло од годинашното издание на Евролигата. За дуелот меѓу клубот од Белград и Каталонците имаше огромен интерес, а сите билети беа продадени за само еден час.
Не само што „црвено-белите“ се на врвот на табелата со скор од 3-0 по перфектниот старт на сезоната во Евролигата, туку и начинот на кој беше постигната победата во Истанбул, покажа дека можностите на тимот на Сферопулос оваа сезона се многу високи.
„Белградската арена“ ќе биде целосно исполнета в петок од 20 часот кога Барселона ќе му гостува на шампионот од Јадранската лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА