Црвена Звезда повторно се вмешува во борбата за висок пласман во Евролигата откако белградските црвено-бели славеа и на третото гостување во низа. Откако беа подобри од Олимпија Милано и од Монако, избраниците на Саша Обрадовиќ одиграа меч за паметење и во Болоња, славејќи над Виртус со 93-102.
Ова воедно е и првпат во историјата „црвено-белите“ на три гостувања по ред да постигнат троцифрен број на поени, уште еден доказ за одличната форма во која се наоѓа овој тим кој ја преброди кризата и шок-терапијата по катастрофалниот пораз од Жалгирис.
Центарот Изунду стигна до нов дабл-дабл од 12 поени и 10 скокови, а одличен беше и Милер Мекинтаер со дабл-дабл од 10 поени и 12 асистенции.
Барселона како гостин го совлада Асвел со 91-98, дуел на кој блескаше Кевин Пантер со 31 постигнат поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

