Кошаркарите на Црвена звезда стигнаа до голема победа во борбата за пласман во плеј-офот откако вечерва на домашен терен славеа против турскиот Анадолу Ефес од 91-81 во натпревар од 29. коло од новата сезона во Евролигата.
Гостите подобро го отворија натпреварот и по првата четвртина имаа предност од 19-23. Домаќините одиграа одлично во вториот период и на пауза заминаа со позитива од 34-27. Во вториот дел успеаја да го задржат водството за конечен триумф од 91-81. Батлер со 21 поен беше прво име кај победникот, додека кај поразените со ист број поени заврши Доужер.
Во останатите два меча од вечерашната понуда Жалгирис по продолженија го совлада Олимпијакос со 99-94, додека Виртус Болоња ја изненади Барселона славејќи со 85-80.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

