Црвена Звезда доби шлаканица сред Белград, Пафос пред историја (ВИДЕО)

Екипата на Црвена Звезда е еден чекор подалеку од групната фаза во Лигата на шампионите, откако вечерва на свој терен е поразена од кипарскиот првак Пафос со 1-2 во првиот плеј-оф натпревар.

На крајот кипарскиот тим славеше со 1-2 на теренот на противникот, и се најде пред историски прв пласман во Лигата на шампионите.

Уште во 38. секунда, Кореа погоди во мрежата на „црвено-белите“, и тоа беше голем шок за домашните. Бруно постигна гол за 0-2, но набрзо стигна ВАР порака дека има игра со рака.

Пепе во 52. минута од пенал успеа да зголеми на 0-2 за кипарскиот тим. Бруно Дуарте во 58. минута намали после промашен пенал, но тоа беше се што сторија „црвено-белите“. Имаа неколку шанси да дојдат до израмнување, но исто така и Пафос можеше да дојде до поубедлив триумф.

Ревнашот е идната недела на Кипар.

Се вчитува...