Црвена звезда добива астрономска понуда за младиот Василије Костов

Младиот фудбалер со македонско потекло Василије Костов е на радарот на големите европски клубови, а Арсенал и Борусија Дортмунд вечерва ќе имаат скаути во Малме.

„Не можам да зборувам кој се јави, но веќе добивме понуда вредна 20 милиони евра за него“, изјави Терзиќ за „Мирор“.

Тој беше прашан и дали Костов може да игра во Премиерлигата.

„Се разбира, но не за кој било тим. Тој би можел да игра за еден од шесте најголеми клубови“, додаде Терзиќ.

Покрај Арсенал и Дортмунд, наводно заинтересиран е и Баерн Минхен. За црвено-белите Костов (17) одигра 27 натпревари на кои постигна шест гола и пет асистенции.

Се вчитува...