Искусниот Душко Ивановиќ ќе седне на клупата на кошаркарскиот клуб Црвена Звезда, пренесуваат српските медиуми. Тој ќе треба да го замени 38-годишниот Владимир Јовановиќ кој е пред отказ после само неколку месеци на клупата на „црвено-белите“ од Белград.
Звезда има лоши резултати на почетокот на сезоната, особено во Евролигата каде се најдоа на последното место на табелата, а поразот од Задар во АБА ги принуди челниците на клубот да бараат ново решение на клупата.
Медиумите пишуваат дека наскоро се ќе биде готово, и дека Јовановиќ за последен пат беше на клупата на српскиот тим со Фенербахче. Веќе викендов Ивановиќ треба да ја преземе екипата.
Ивановиќ има искуство со водење на неколку тимови меѓу кои Басконија, Бешикташ, Химки, Панатионаикос, а беше и во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА