Екипата на Црвена Звезда сезонава не е толку доминантна во првенството на Србија, како што беше во изминатиот период. Екипата ќе мора добро да се намачи ако сака да го задржи шампионскиот примат, а екипата веќе размислува за нови засилување на лето, со кои би се вратил и тимот во Лигата на шампионите.
Веќе оваа зима се очекуваат повремени засилувања, но најдоброто следува во текот на летоот. Звезда е подготвена да вложи големи пари, а едно од засилувањата кое се споменува е репрезентативецот на Србија, Филип Костиќ.
Костиќ на лето ќе биде без договор, со оглед дека му истекува со Јувентус, па може бесплатно да се пресели на белградска „Маракана“. Звезда е подготвена да му понуди одлични услови на левокрилниот фудбалер, само да прифати. Дел од српските медиуми пишуваат дека е можно уште оваа зима Костиќ да пристигне во Звезда, со оглед дека за него нема иднина во Јувентус.
Костиќ би бил најлпатен играч во Звезда со плата од околу 3 милиони евра по сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

