Црвена Звезда донесе одлука за иднината на тренерот

Црвена Звезда оствари значаен успех со пласманот во плејинот од Евролигата, но потоа следеше огромен пад во формата, што резултираше со пораз во полуфиналето од АБА-лигата од Будуќност, а потоа и со срамна елиминација од српскиот плејоф, каде актуелниот првак два пати загуби убедливо од Спартак Суботица.

Навивачите не го кријат незадоволството од слабото залагање на голем дел од кошаркарите, како и од тактичката подготвеност на натпреварите од страна на тренерот Сферопулос, барајќи управата сериозно да размисли дали да го задржи грчкиот стратег за наредната сезона.

На таа тема денеска говореше претседателот Жељко Дрчељиќ, кој јавно му изрази поддршка на Сферопулос да продолжи да го води српскиот тим и во сезоната 2025/26.

„Кога зборуваме за тренрот, тоа е стратешко прашање за клубот, тоа е долгорочно планирање, доверба… Не сме задоволни од она што се случи, но мора да се истакне дека тука влијаеја бројни фактори. Пред се повредите, останавме без бројни играчи и тоа се одрази врз резултатите на крајот од сезоната. Важна е идејата и визијата, ние веруваме во Сферопулос, кој ќе изгради тим, да направи одредени корекции, за нареднсата сезона повторно да атакуваме на највисок пласман“, порача Дрчељиќ.

Се вчитува...