Кошаркарите на Црвена звезда се се подалеку од местата кои водат во плеј-офот во Евролигата откако вечерва изненадувачки доживеаја убедлив пораз на гостувањето кај „фенерџијата“ Алба Берлин од 89-80.
Откако првата четвртина помина во израмнета игра, а домаќините имаа позитива од само два по десет минути (18-16), вистински дефанзивен распад на белграѓани им се случи во вториот период. Домаќините успеаја да постигнат дури 33 поени и на полувреме да заминат со убедливи 51-36. Откако големата предност Алба Берлин ја задржа и по третиот период 72-54, играчите на Црвена звезда се обидоа во последниот период да се вратат, но сепак не успеаја да направат ништо повеќе освен да го ублажат поразот 89-80. Meт Томас со 19 поени беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 20 поени на Јаго Матеуш.
Во останатите мечеви од раната програма вечерва во Евролигата: Фенербахче славеше на домашен терен против Виртус Болоња со 88-75, додека Макаби Тел Авив беше сигурен со Панатинаикос 90-75.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА