Црвена звезда доживеа вистински дебакл на гостувањето во Каунас

Кошаркарите на Црвена звезда го доживеаја најтешкиот пораз сезонава во Евролигата откако вечерва во натпревар од 21. коло во елитата загубија на гостувањето кај Жалгирис Каунас со убедливи 99-67.

Домаќините тргнаа фуриозно уште од самиот старт на натпреварот, па веќе по десет минути игра ги разрешија сите дилеми околу победникот (26-12). Во останатиот дел од мечот само рутински ја приведоа работата до самиот крај за конечен триумф од 99-67.

Азулас Тубелис со 17 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 18 поени на Чима Монеке.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...