Црвена Звезда е еден од можните противници на Шкендија во плеј-офот за ЛШ

Единствениот македонски преостанат претставник во европските клупски натпреварувања, Шкендија на денешната ждрепка која ќе се одржи во 12 часот ќе ги дознае можните противници во понатамошниот дел од натпреварувањето во квалификациите за Лигата на Шампиони или пак Лига Европа.

Шкендија има загарантирано место во Конференциската лига, а двомечот против Карабах кој започнува утре ќе одлучи за иднината на македонскиот шампион.

Доколку биде совладан Карабах тетовчани можат да се сретнат со Црвена звезда, Лудогорец, Ференцварош, Лех Познан, Копенхаген и Малме, а пак доколку резултатот од двомечот не биде поволен тогаш следат натпревари против Јанг Бојс, Лудогорец, Ференварош, Малме, Копенхаген, Хамрун Спртанс и Макаби Тел-Авив.

Се вчитува...