Фудбалерот на Лајпциг, Кристоф Баумгартнер проговори за претстојниот натпревар со Црвена звезда во Лигата на шампионите.
Австриецот летово пристигна во Лајпциг по пет години поминати во Хофенхајм, со кој играше против „црвено-белите“.
Хофенхајм и Звезда беа ривали во групната фаза на Лига Европа во сезоната 2020/21, а Баумгартнер го постигна водечкиот гол за Хофенхајм во победата од 2-0 во Германија.
„Црвена звезда е многу „одвратен“ противник кој ви ја расипува играта кога ја имате топката. Пред се, тие се стремат кон нивната дефанзивна игра. Нема да ни дадат ништо, мора да бидеме подготвени за тоа и да го наметнеме нашиот стил на игра. Ако го направиме тоа, тогаш уверен сум дека можеме да ги добиеме двата натпревари“, изјави Баумгартнер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА