Црвена Звезда е шампион на Србија

Кошаркарите на Црвена Звезда ја освоија шампионската титула во Србија откако во финалната серија против ФМП славеа со 2-0 добивајќи го и натпреварот на гостински терен со 72-82.

По лошиот старт на натпреварот избраниците на Ивановиќ (27-23) успеаја да направат целосен пресврт во втората четвртина (9-20), а потоа и умешно да ја задржат предноста во поголемиот дел од второто полувреме за на крајот да стигнат до лесна победа.

Се вчитува...