Црвена Звезда успеа да слави во 160-та голема дерби пресметка против Партизан во српската Суперлига по што веќе сериозно чекори кон одбрана на шампионската титула.
Во 34. коло од шампионатот, „црвено-белите“ победија со 2-1 на мечот кој се играше на стадионот „Рајко Митиќ“.
Победата ја најави Бен Ел Фарду со голот од пенал во 60. минута, а Вукановиќ во 80. минута зголеми на 2-0.
Партизан преку Гомес од пенал во 90. минута успеа само да го ублажи поразот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА