Регионалните кошаркарски шампион, Црвена Звезда успеа да направи големо изненадување, совладувајќи го изралескиот Макаби на домашен терен со убедливи 92-76. Во првото полувреме натпреварот беше во егал, а црвено-белите беа за нијанса подобар противник и на полувреме заминаа со предност од 49-43. Клучниот момент во мечот беше третата четвртина во која избраниците на Шакота буквално погодуваа од секоја позиција. На крајот во третиот период успеаја да постигнат неверојатни триесет поени и по три четвртини да имаат убедлива предност од 79-58.
Во последниот период „црвено-белите“ рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 92-76. Били Берон и Кевин Пантер со по 22 поени беа први имиња во победничкиот табор, додека кај поразените единствен расположен беше Тајлер Дорси со 19 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА