Првиот човек на Црвена Звезда, Небојша Човиќ на денешната пресконференција потврди дека Душан Алимпијевиќ ќе биде новиот предводник на „црвено-белите“.
Наследникот на Радоњиќ е изненадување за повеќето навивачи поради тоа што нема доволно искуство, но претседателот на спрскиот шампион истакна дека Алимпијевиќ ја има целосната поддршка од раководството.
„После долги разоговори и бројни анализи, дојдовме до заклучок дека Душан Алимпијевиќ е идеалното решение за тренерското место. Негови помошници ќе бидат Миленко Топиќ и Слободан Љуботина. Алимпијевиќ има целосна поддршка од раководството, без разлика што нема доволно искуство, јас ќе застанам зад секоја негова одлука, како што застанував и за Радоњиќ. Не ме интересира што е млад, не сакам да донесам тренер кој има 75 години, и уште да му плаќам посебно здравствено осигурување“, истакна Човиќ.
32-годишниот Алимпијевиќ во април застана на кормилото на ФМП, откако го однесе Спартак Суботица во српската Суперлига. Во неговата кошаркарска кариера, Алимпијевиќ ги бранел боите на Војводина, а таму за прв пат „запливал“ во тренерските води како помошник на шефот на стручниот штаб.
„Пред се, чест ми е што ќе седнам на столчето на еден ваков голем клуб. Знам што носи името Црвена Звезда, па ќе ми биде задоволство да работа во оваа средина. Не доаѓам тука како наследник на Дејан Радоњиќ. Тоа име е со златни букви испишано во книгите на овој клуб. Таа приказна сега е зад нас, а јас чувствувам притисок да не ги изневерам луѓето кои имаат верба во мене. Јасно ми е дека Звезда можеше да се одлучи за поискусен тренер, но јас могу добро ја познавам кошарката. Всушност, цел живот сум во кошарката. Ги поминав скоро се’ од домашната лига, Евролига, репрезентација, други странски лиги. Можеби немам тренерско искуство, но во кошарката сигурно имам“, изјави новиот тренер на српскиот и јадранскиот шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА