Црвена Звезда го обезбеди првото засилување за идната сезона

Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда изгледа веќе го насочи првото засилување за следната сезона, а тоа е Лоренцо Браун. Браун оваа година има многу слаба улога во Панатинаикос , па има многу шпекулации за неговата иднина.

Иако има договор за следните две сезони, не е исклучено да го остави за некое ситно обештетување и да ја смени средината.

Според информациите на грчката „СДНА“, интерес за Браун веќе пројавиле два тима – Црвена Звезда и Макаби Тел Авив.

Во случајот со Звезда, тоа би било враќање на американскиот дефанзивец со шпански пасош, бидејќи играше за црвено-белите во сезоната 2019/20.

Гласините дополнително ќе ги подгрее и неодамнешната изјава на Браун, кога рече дека не би имал ништо против во одреден момент да се врати во Белград.

Се вчитува...