Црвена звезда дојде до огромни три бода во второто коло од Лигата на Европа, откако српскиот вицешампион на гостински терен го совлада Келн со 0-1. Боaчи постигна еврогол за да ја круниса доминацијата на „црвено-белите“ на стартот, за потоа домашниот тим целосно да ја преземе инцијативата. Келн одигра максимално офанзивно во завршницата, германскиот тим дури три пати ги погодуваше рамките од голот, но Црвена звезда го издржа притисокот и стигна до цел плен кој ќе биде од огромна важност во битката за пласман во следната фаза.
Во истата група Арсенал рутински славеше на гостувањето против БАТЕ Борисов со 2-4. Тео Волкот постигна два гола уште во првото полувреме, а еднаш меѓу стрелците се запиша Оливие Жиру, за кого ова беше јубилеен 100. гол во дресот на „топчиите“.
Големо изненадување приреди украинска Зорија, славејќи во Шпанија над Атлетик Билбао со 0-1, а Салцбург ја доби пресметката против Херта со 1-0 со голот на Дабур во 73. минута.
Лацио делуваше сигурно против Цулте Варегем триумфирајќи со 2-0 со головите на Каиседо и Имобиле.
ГРУПА Г: Лугано – ФЦСБ 1-2, Плзењ – Хапоел Бер Шева 3-1.
ГРУПА Х: Келн – Црвена звезда 0-1, БАТЕ Борисов – Арсенал 2-4.
ГРУПА И: Коњаспор – Гимараеш 2-1, Салцбург – Марсеј 1-0.
ГРУПА Ј: Остерсунд – Херта 1-0, Атлетик Б. – Зорија 0-1.
ГРУПА К: Ница – Витесе 3-0, Лацио – Цулте Варегем 2-0.
ГРУПA Л: Зенит – Реал Сосиедад 3-1, Розенборг – Вардар 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА