Црвена Звезда го потпиша најголемиот спонзорски договор во историјата на српската кошарка

Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда неодамна се засили со аргетнинските виртуози Лука Вилдоза и Факундо Кампацо, а денеска доби и голема финансиска принова откако го потпиша најголемиот спонзорски договор во историјата на српската кошарка, потврди белградскиот клуб.

Станува збор обложувачката компанија „Мердианбет“ која ќе издвои сума која нема да биде позната во јавноста, но истата со сигурност ќе биде далеку поголема од 1.2 милиони евра, колку што е последниот најголем договор на „црвено-белите“ со Телеком.

„Многу важен договор за нас. Освоивме многу трофеи, но имаме уште поголеми амбиции. Во таа смисла оваа соработка е многу значајна и мило ми е што Меридијан ја препознаа нашата работа. Преговаравме повеќе месеци, но дојдовме до договор“, изјави првиот човек на шампионот на АБА, Небојша Човиќ.

Се вчитува...