Црвена Звезда го потпиша Перпероглу

Стратос Перпероглу е најновото големо засилување за Црвена звезда откако вицешампионот на АБА-лигата денеска потпиша едногодишен договор со грчкиот интернационалец. Крилниот кошаркар е трикратен освојувач на Евролигата, а во Белград доаѓа на инсистирање на тренерот Милан Томиќ, со кого две години соработуваше во Олимпијакос.

Перпероглу пристигнува од редовите на израелскиот прволигаш Хапоел, а претходно овој кошаркар настапуваше за Паниониос, Олимпијакос, Анадолу Ефес и за Барселона.

Црвена звезда досега ги доведе центрите Мајкл Оџо, Мајк Цирбес и Душан Ристиќ, како и бекот Били Берон.

 

Се вчитува...