Црвена звезда го прегази Партизан во евролигашкото белградско дерби

Кошаркарите на Црвена звезда го прегазија својот најголем ривал Партизан на домашен терен со 88-72 во српското вечно дерби како дел од 19. коло во Евролигата.

Домаќините на феноменален начин го стартуваа натпреварот и по десет минути игра веќе имаа двоцифрена предност (24-13). Како одминуваше првото полувреме така разликата на семафорот само се зголемуваше, па на пауза „црвено-белите“ заминаа со највисоки плус 21 (50-29).

Во третиот период иако Партизан одигра далеку подобро од првото полувреме, сепак домашниот тим успеа да ја задржи предноста и во последните десет минути да влезе со позитива од 65-48. Во последната четвртина „црвено-белите“ како да се исплашија од победата. Френк Каминиски влезе во своја серија па со неговата тројка на четири минути до крајот гостите по подолго време стигнаа на едноцифрена негатива 77-68. Сепак, тоа беше се што направија гостите и на крајот мораа да заминат со пораз од 88-72. Недовиќ со 16 поени беше најефикасен во таборот на победникот, додека кај поразените залудно Кевин Пантер постигна 17 поени.

Во останатите мечеви од вечерашната програма во Евролигата: Фенербахче – Макаби Тел Авив 109-74, АСВЕЛ – Жалгирис 93-79 и Олимпијакос – Монако 75-73.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...