Победничката серија на Фенербахче од 19 триумфи во сите натпреварувања беше прекината во Белград, каде европскиот првак беше принуден на капитулација на гостувањето против Црвена Звезда губејќи со резултат 79-73. Белградските „црвено-бели“ имаа три порази на последните четири средби во Евролигата, но вечерва покажаа карактер и квалитет, со фуриозен финиш стигнувајќи до победата.
Пресудна се покажа завршницата, откако Фенербахче преку Болдвин поведе со 63:67 на 4:15 до крајот. Следеше фуриозна игра на Црвена Звезда и 12 поени во низа, диригирани од одличните Батлер и Нвора домаќините влегоа во ритам одлепувајќи се на една минута до крајот (75-67), трасирајќи си го патот до големиот триумф.
Монеке ги предводеше стрелците со 21 поен, 13 поени реализираше Изунду, додека Милер Мекинтаер имаше дабл-дабл од 10 поени и 12 асистенции. Кај Фенербахче најефикасни во овој пораз беа Болдвин со 16 и Колсон со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

