Црвена звезда го претстави осмото засилување

Доскорешниот кошаркар на Макаби Тел Авив, Хасиел Риверо, е нов центар на Црвена звезда.

Тој дојде во Макаби во летото 2023 година, откако претходно играше за кубанскиот Капиталинос и аргентинските тимови Естудијантес Конкордија и Бока Јуниорс. Риверо пристигна во Европа во 2019 година и го привлече вниманието кон себе со одличните настапи за тимот на Сан Пабло Бургос, со кој освои две Лиги на шампиони на ФИБА. После тоа, го засили тимот на Валенсија, за кој играше и две сезони, сè додека не се пресели во Макаби.

„Неодамнешниот играч на Макаби Тел Авив е ново засилување во нашиот клуб, кој внесува голема борбеност и исклучителна физичка сила, одлична игра во рекетот и чувство за скокови“, се вели во соопштението на црвено-белите.

Минатата сезона, Хасиел Риверо постигнуваше просек од 10,2 поени со одличен процент и речиси 5 скока по натпревар.

Риверо е осмото засилување на тимот за новата сезона, по доаѓањето на Монеке, Картер, Нвора, Миљеновиќ, Оџелеј, Изунду и Радошиќ.

Се вчитува...