Црвена Звезда го продаде Словенецот во Турција за пет милиони евра

Црвена Звезда не успеа да ја оствари зацртаната цел и повторно да се пласира во Лигата на Шампионите, по што српскиот првак реши да продаде уште еден стандарден првотимец. Станува збор за словенечкиот играч за врска Тими Макс Елшник, кој кариерата ќе ја продолжи во турскиот прволигаш Трабзонспор.

За Словенецот се интересираа клубови од различни лиги во Европа, но понудата на Трабзон беше убедливо највисока. „Црвено-белите“ на крајот издејствуваа целата сума од пет милиони евра што ја бараа да биде загарантирана, без никакви клаузули и бонуси, по што дадоа зелено светло за Елшник да замине на лекарски прегледи и потпис во новиот клуб.

Следен на излезна врата е голгетерот Шериф Ндаје, со кого постоеше начелен договор да ги доигра квалификациите за ЛШ како стартен напаѓач, а потоа да му биде дозволено за сума од 9 милиони евра да се пресели во Катар.

Се вчитува...