Немања Радоњиќ го постигна голот за победа на Црвена звезда во Трнава и пласман во плејоф-фазата за влез во Лигата на шампионите. Истиот фудбалер ќе им донесе уште повеќе пари на „црвено-белите“ со заминувањето од „Маракана“ откако српските медиуми објавија дека неговото заминување во Олимпик Марсеј е речиси завршена работа.
Олимпик Марсеј е клубот што се согласи на условите на српскиот првак, плаќајќи 12 милиони евра за услугите на крилниот офанзивец. Станува збор за сума што е највисока за продажба на фудбалер на Црвена звезда во последните петнаесетина години, а одлуката за продажба е веќе донесена. Единствената дилема е дали трансферот мора да се реализира експресно, или пак Олимпик ќе излезе во пресрет на барањето на српскиот клуб да се почека до нокаут-пресметките со Салцбург за влез во групната фаза од ЛШ, пред Радоњиќ официјално да си замине од „Маракана“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА