Кошаркарите на Црвена звезда конечно врзаа две победи во низа во Евролигата откако по големиот триумф во Мадрид над Реал вечева во Белград беа подобри од Анадолу Ефес, декласирајќи го турскиот кошаркарски гигант со резултат 100-81.
Перо Антиќ и неговите соиграчи одиграа одличен натпревар во кој целосно го контролираа темпото на игра и резултатот, па откако на полувреме се замина со 50-44, „црвено-белите“ во второто полувреме целосно го нокаутираа противникот, на крајот совладувајќо го со убедливи 19 поени разлика.
Перо Антиќ одигра скромни 13 минути, период во кој реализираше 5 поени, 3 скока, 3 асистенции и 2 украдени топки. Најефикасни кај Црвена звезда на овој натпревар беа Фелдеин со 29 и Рочести со 11 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА