Кошаркарите на Црвена Звезда, по крајно лошиот старт на сезоната, и отказот кој го доби тренерот Сферопилос, ја запиша првата победа во Евролигата со триумф од 81-86 на гостувањето во Истанбул против актуелниот шампион на Евролигата, екипата на Фенербахче.
Црвено-белите целосно доминираа во првото полувреме кое го добија со убедливи 30-43.
Но, во вториот дел Фенербахче се врати и успеа да дојде до неизвесна завршница, во која сепак Црвена Звезда успеа да издржи за прва победа во Евролигата по претходните два порази.
Монеке беше најдобар кај Црвена Звезда со 20 поени и 12 скока, а Картер запиша 15 поени. Во тимот на Фенербахче со 19 поени најдобар беше Колсон.
Фенербахче, пак, остана на една победа, и сега веќе два порази.
Олимпијакос, пак, славеше на дуелот против Дубаи со 86-67.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

