Црвена Звезда го урна Асвел и направи огромен чекор кон плеј-офот

Кошкаркарите на Црвена Звезда, вечерва во Белград забележаа една од најважните победи сезонава во Евролигата, победувајќи го Асвел со 73-66, и така се доближи до плеј-офот во најелитното кошаркарско клупско европско натпреварување.

Франускиот тим добро парираше само во првата четвртина, а потоа српскиот тим ја имаше контролата на резултатот. Пред самиот крај можеше да се случи „од готово вересија“, со оглед дека во еден миг Звезда имаше предност од 14 разлика, но потоа следуваше неверојатен пад, па Асвел се доближи само на пет поени разлика (66-61), на две минути пред крајот на мечот.

Но, брзо Звезда стигна до +9, со што повеќе немаше враќање за гостите.

Канан кај Звезда беше најефикасен со 11 поени, додека Маледон беше најефикасен на средбата со 13 поени.

Претходно во Вилнус, Жалгирис беше подобар од Алба Берлин со 73-53.

Се вчитува...