Црвена Звезда го задржува својот талент со четиригодишен договор (ФОТО)

Кошаркаркиот клуб Црвена Звезда промовираше ново засилување за престојната сезона. Станува збор за Андреј Костиќ, големиот талент од генерацијата 2006 кој ја покрива бековската позиција.

Костиќ кој потекнува од младинската школа на Црвена Звезда својот раскошен талент веќе го претстави претходните сезони настапувајќи и за постари генерации на меѓународни турнири како АБА лигата и Евролигата, а и дебитираше за првиот тим на белграѓани во Купот на Србија против екипата на Чачак 94.

Се вчитува...