Шампионска титула во АБА лигата за Црвена Звезда. Кошаркарите на „црвено-белите“ со „брејк“ на теренот на вечниот ривал Партизан и победа со 82-76, успеаја да дојдат до 3-0 во серијата подобар од три, и така да го подигнат трофејот во ова натпреварување.
На овој трет натпревар му претходеше тепачка помеѓу Џејмс Нанели и Стефан Лазаревиќ, па двајцата ги немаше на вечерашниот меч. Во таква ситуација кошаркарите на Звезда подобро се снајдоа, и беа поприбрани во финишот на средбата и славеа победа.
Партизан имаше 3-4 налети и предности, меѓутоа секогаш кога се кршеше резултатот, Звезда се враќаше со добар напад и добра одбрана. Во еден миг „црвено-белите“ имаа и +10, Партизан успеа да се врати и да намали до два, но без сила да стори нешто повеќе.
Најефикасен кај победничкито тим беше Лука Митровиќ со 12 поени, додека кај Партизан Алекса Аврамовиќ постигна 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА