Црвена Звезда го покажа најдоброто од себе и славеше со 5-1 над Штутгарт во 5. коло од Лигата на Шампионите, натпревар кој сепак може да донесе и пирова победа за белградскиот состав кој остана без услугите на еден од најдобрите фудбалери во составот, Раде Круниќ.
Круниќ забележа гол и асистенција, но мораше да биде замент во 77. минута поради повреда. Последните вести кои доаѓаат од Србија воопшто не се добри велејќи дека тој може да отсустува од терените на подолг период.
Круниќ не се очекува да игра во следниот натпревар на Црвена Звезда, против ТСЦ во домашниот шампионат по што дополнително ќе подлежи по нови прегледи кои ќе утврдат дали ќе може да гостува на „Сан Сиро“ за следниот дуел во Лигата на Шампиони против Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА