Карпош соколи редеше победи на домашен терен, се додека не дојде редот во СЦ „Борис Трајковски“ да пристигне Црвена звезда. Шампионот дојде ослабен, вечерва не играше ниту Волтерс, но сепак замина за Ниш (каде ќе го игра Купот на Србија) со победа од огромни 37 поени.
Разликата меѓу српскиот гигант и македонскиот претставник во АБА е небо и земја, тоа беше очигледно и вечерва и не е ништо страшно ниту пак срамно. „Соколите“ одиграа онолку колку што можеше, или како што тоа во модерниот спорт најчесто е случај – колку што фаворитот ќе ви дозволи. Радоњиќ инсистираше на максимално залагање до самиот крај, а избраниците на Николиќ не најдоа одговор за агресивната одбрана на шампионите, која да не заборавиме дека е една од најдобрите во Евролигата, да не говориме за АБА.
На трибините го немаше очекуваното навивачко шоу на „Делије“, пред се поради одлуката билетите да чинат 3.000 денари, но затоа во „Борис Трајковски“ се појавија две македонски спортски легенди, Дарко Панчев и Перо Антиќ, двајцата кои не кријат дека Црвена звезда засекогаш ќе им остане во срцето.
[new_royalslider id=”503″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

