Црвена Звезда и Олимпијакос ремизираа на домашен терен, шанси ќе бараат во реванш натпреварите (ВИДЕО)

Црвена Звезда вечерва на домашен терен обезбеди само реми (1-1) против Шериф Триаспол во рамки на квалификациите за пласман во Лигата на шампиони.

Во првиот дел нешто повеќе во свој посед топката ја држеа фудбалерите на „црвено белите“, но гостите приредија „студен туш“ во 33. минута, откако Френк Кастанеда изведе одличен слободен удар, постигнувајќи гол за водство од 0-1. Фудбалерите на Црвена Звезда до крајот на полувермето ја презедоа последната иницијатава, а ова резултираше со гол во последната минута од продолжението, па во листата на стрелци се запиша Лоис Диони.

Во 58. минута се случи голем хендикеп за Црвена звезда. По лесно продадената топка, Гејлор Канга го запре играчот на Шериф со раце за да спречи контранапад. Бидејќи веќе имаше жолт картон, доби уште еден, што значeше и црвен, па до крајот на мечот Звезда остана со играч помалку.

До крајот на натпреварот немаше никакви промени, двата тима се задоволија со реми, а своја шанса Звезда ќе бара на реванш дуелот во кој домаќин ќе биде Триаспол.

 

 

 

Олимпијакос оваа вечер го пречека тимот на Лудогорец, а овој дуел заврши со вкупен резултат од 1-1, исход кој веројатно не ги задоволи очекувањата и на двата тима.

Првиот дел не понуди интересен фудбал, беа забележани по неколку шанси на двете страни, но без успешна реализација. Резервираноста на двата тима значеше реми, па на пауза се замина со резултат од 0-0.

Второто полувреме го отворија гостите, по само пет минути игра, Кирил Десподов успеа да постигне гол и да донесе водство за својот тим од минимални 0-1. До крајот на мечот домаќините не се откажуваа, постојано креира шанси и високо притискаа, па ваквиот пристап кон играта им донесе гол во 85. минута за резултат од 1-1.

 

Останати резултати:

ЧФР Клуж – Јанг Бојс (1-1)

Генк – Шахтјор (1-2)

ПСВ – Мидјеланд (3-0)

Се вчитува...