Кошаркарите на Црвена Звезда стигнаа до четвртата победа во Евролигата, триумфирајќи пред своите навивачи во 11. коло против Валенсија со 76-73.
„Црвено-белите“ беа далеку подобар противник во текот на поголемиот дел од натпреварот, но гостите со одлична игра во последната четвртина успеаја да донесат неизвесна завршница во која сепак белграѓани беа посреќни до триумфот.
Браун со 19 поени и Лазиќ со 14 поени ја водеа Црвена Звезда до триумфот, а Бојан Дубљевиќ со 22 поени беше најдобар во редовите на шпанскиот тим.
Лесни победи запишаа Панатинаикос и Макаби кои дојдоа до седмите свои победи во најквалитетното европско клупско натпреварување. Панатинаикос убедливо со 100-68 славеше против Басконија, додека Макаби Тел Авив со славеше против Лион со 93-62. Во уште еден натпревар вечерва Алба го победи литвански Жалгирис со 69-62.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА