Црвена Звезда ја доби драмата во Арена, Виртус Болоња промаши напад за победа

Црвена Звезда ја прекина серијата порази во Евролигата триумфирајќи против Виртус Болоња со 90-89 во 17.коло од најквалитетното европско клупско натпреварување.

По три едноподруго порази, „црвено-белите“ дојдоа до триумф во драматичен меч во кој до победата дојдоа благодарение на поените на Батлер на 15 секунди пред крајот за водство од 90-89. На крајот, италијанскиот тим не успеа да реализира за победа.

Милер Мекинтаер со 21 поен и 10 асистенции беше најдобриот поединец кај Црвена Звезда, а Нвора заврши со 20 поени. Кај Виртус најефикасен беше Едвардс со 29 поени.

Се вчитува...