Жоел Боломбој се повреди на натпреварот против Будуќност кој ќе го оддалечи најмалку еден месец. Затоа Црвена звезда се активираше на трансфер пазарот и почна да бара негова замена.
Како што пренесуват деч од српските медиуми, Звезда ги имаше Џонатан Мотли и Тони Џекири како главни кандидати за новиот центар.
Сепак, Мотли ја одби понудата на српскиот и регионален шампион и побара многу повеќе пари за да дојде во Белград, што црвено-белите го одбија како предлог. Затоа споменатиот Џекири дојде до израз и неговото доаѓање е најреално во овој момент.
Тој е член на ЦСКА Москва и игра во ВТБ лигата каде во просек бележи девет поени и пет скока по натпревар. Нигерискиот кошаркар е роден 1993 година и е висок 213 сантиметри, а во Евролигата настапуваше за Асвел, Басконија, Уникс и Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА