Фудбалерите на српскиот шампион Црвена звезда славеа на гостувањето кај полскиот шампион Лех Познањ со 1-3 во првиот натпревар од двомечот во 3. коло од квалификациите во Лигата на шампионите и направија голем чекор кон плеј-оф фазата во ова натпреварување.
Белграѓани поведоа со 0-1 со погодокот на Круниќ уште во 9. минута од мечот. На 1-1 домаќините израмнија преку Ишак во 34. минута. Круниќ со својот втор гол во 51. минуда донесе ново водство за гостите, додека конечните 1-3 ги постави Бруно Дуарте во 73. минута.
Lech Poznań 1-[2] Crvena zvezda – Rade Krunić 51'
byu/4gjdtokurwa insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

