Кошаркарите на Црвена Звезда конечно ја прекинаа црната низа од четири едноподруго порази во Евролигата убедливо триумфирајќи против Алба Берлин со 92-71 во 8. коло од најсилното европско кошаркарско натпреварување.
Па, сега „црвено-белите“ се на ефект од 4-4 во Евролигата.
Од самиот почеток, по добиената прва четвртина со 23-14 беше јасно дека Црвена Звезда оди кон победата и немаше воопшто никаков проблем до самиот крај.
Буквално сите кошаркари на Црвена Звезда се запишаа во стрелците на мечот, а изненадувачки од тимот на белграѓани Милош Теодосиќ имаше најмал број постигнати поени – само еден. Најефикасен беше Милер-Мекинтаер со 15 поени, Филип Петрушев заврши со 14 поени а Калиниќ запиша 13 поени. Кај Алба се издвои Италијанецот Просида со 25 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА