Кошаркарите на Црвена звезда стигнаа до голема победа во битката за топ 6 во Евролигата откако вечерва на домашен терен ја прегазија италијанска Виртус Болоња со 88-52.
Домаќините тргнаа фуриозно уште од самиот старт на натпреварот и веќе по десет минути игра имаа двоцифрена предност од 28-17. До крајот на првиот дел разликата само се зголемуваше, а на пауза меѓу двете полувремиња изнесуваше огромни (51-37).
Во вториот дел избраниците на Јанис Сферопулос само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен тримф од 88-52. Давидовац со 17 поени беше најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Шенгелија заврши со 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА