Црвена Звезда загуби на домашен терен од шпанската Басконија со 64-72 и не успеа да ја продолжи серијата од три победи во Евролигата.
Гостите уште во првата четвртина ја презедоа иницијативата во мечот, добивајќи го првиот период со 14-20. Во втората четвртина домаќините успеаја да се вратат резултатски и на полувреме да заминат со негатива од само минус еден (31-32). Клучна беше третата четвртина во која Басконија постигна двојно повеќе поени од црвено-белите (12-24) и пред последните десет минути успеа да стигне до предност од плус тринаесет (43-56). До крајот белградскиот тим имаше сила само да го намали поразот за конечни 64-72.
Ник Стаускас со 22 и Торнике Шенгелија со 19 беа најдобри во таборот на шпанскиот клуб, додека Лоренцо Браун со 20 поени беше единствен расположен во таборот на Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА