Кошаркарите на Црвена Звезда забележаа повеќе од значајна победа во 30. коло од Евролигата триумфирајќи со 73-81 на гостувањето против најдобриот тим во европското натпреварување, екипата на Олимпијакос и тоа среде Атина.
Уште од првата четвртина белграѓани покажаа дека се цврсто решени да одат на победа добивајќи го првиот период од играта со 8-20. Потоа се продолжи во ист стил. Домашните се вратија во игра во последната четвртина, дојдоа и до минус четири, но Црвена Звезда ја врати предноста со три тројки по ред за конечна победа.
Геидраитиси со 20 поени беше најефикасен во победничкиот тим, а на Олимпијакос не му помогна ниту квалитетната партија на Везенков кој мечот го заврши со 19 поени.
Црвена Звезда со оваа победа повторно се врати во Топ 6 местата на табелата кои водат директно во плеј-офот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА