Српскиот клуб Црвена Звезда ја одбрани шампионската титула во АБА-лигата, откако вечерва во Загреб стигна и до третата победа во финалната серија против Цедевита. „Црвено-белите“ славеа со 61-77 и на надмоќен начин ја одбранија круната од лани. Избраниците на тренерот Дејан Радоњиќ беа домантни во текот на целата сезона и повторно се пласираа во Евролигата.
Црвена Звезда ја доби првата четвртина со 18-22, на полувреме ја зголеми предноста на седум поени (39-46), а во продолжението и комплетно го разби ривалот.
Томпсон со 14 и Симоновиќ со 13 поени беа најефикасни во составот на Црвена Звезда. Кај Цедевита, Катиќ уфрли 12 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА